x

Huawei Y9: Фотографии и спецификации

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Март, 2018 од GSM.mk

Минатата година, Huawei Y7 беше претставен како смартфон од пониската класа, а оваа година доаѓа неговиот следбеник - Y9..

Huawei Y7 беше уред од ниската класа, кој доаѓаше со 5.5 инчен HD дисплеј, резолуција од 720 x 1280 пиксели и Snapdragon 435. Оваа година, Huawei ќе го претстави Y9 - Evan Blass сподели информации и фотографии од новиот уред на твитер. Постојат некои шпекулации за спецификациите на Y9, но од сликите изгледа како да ќе доаѓа со 18:9 сооднос. 

Покрај двете камери на задната страна, уредот ќе доаѓа и со две камери на предната страна. Тоа значи дека Y9 ќе доаѓа со 4 камери. Скенерот за отпечатоци ќе биде на задната страна, а батеријата ќе биде од 3500mAh. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.