x

Играта Horizon Forbidden West ќе биде достапна и за PS4

Категорија: Забава Објавено на 24 Септември, 2020 од GSM.mk

Оние кои сакаат да ја играат „Horizon Forbidden West“ на Sony нема да мора да ја купат конзолата PlayStation 5 бидејќи играта наскоро ќе биде достапна и за PlayStation 4.

Покрај тоа, секој кој ќе ја купи играта за PS4 ќе добие и бесплатна надградба за PS5 верзијата. Sony планира истoто да го направи и за игрите „SackBoy A Big Adventure“ и „Marvel’s Spider-Man: Miles Morales“.

„Иако овие три игри се дизајнирани да го искористат PS5 и неговата уникатна можност за следната генерација како ултрабрзиот SSD и DuelSense контролорот, сопствениците на PS4 исто така ќе можат да уживаат во ова искуство кога ќе се појави играта“, соопштија од Sony.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.