x

Incognito Mode наскоро пристигнува на Google Maps

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 15 Мај, 2019 од GSM.mk

На неодамнешната конференција на Google, компанијата изјави загриженост поради нивото на безбедност и приватност кое корисниците го имаат додека се приклучени на интернет. За дополнителна заштита, апликацијата Google Maps ќе има сопствен Incognito Mode.

Google најави дека во следните неколку недели корисниците на Android ќе добијат можност за нов апдејт на апликацијата Google Maps, во кој ќе биде вклучено новото нагодување за приватност, наречено Incognito Mode.

Кога ќе се активира овој режим на работа, корисниците ќе можат да кликнат на фотографијата од нивниот Google профил додека ја користат мапата и да го вклучуваат или исклучуваат Incognito Mode.

Кога Incognito Mode е вклучен, Google нема да собира и споделува информации за пребарување на локацијата на која сакате да стигнете.

Во последно време, Google со зголемен интензитет работи на подобрување на заштитата на приватноста кај корисниците. Минатата недела компанијата најави дека наскоро ќе се појави можност со која податоците од Location History ќе се бришат автоматски.

Покрај за Google Maps, компанијата ќе воведе Incognito Mode и за другите апликации, како на пример YouTube.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.