x

Инфлуенсери, аман: Instagram профилите почнуваат да личат едни на други

Категорија: Занимливости Објавено на 23 Јуни, 2019 од GSM.mk

Ако сте виделе еден, исто како да сте ги виделе сите.

Самопрогласените инфлуенсери „со слободен дух“, „вечни патници“, „боемска душа“ и слични други (исто така самонаметнати) епитети, го преплавуваат тајмлајнот на Instagram со нивните постови на кои веќе сите наликуваат едни на други.

Оригиналност веќе и да нема. Deja vu, речиси секогаш кога ќе скролате по Instagram: филозофски поглед во далечина застанат на карпа, кафе покрај шатор во планина, полубрцната во езеро, завиткана во новогодишни сијалички, седнат на пруга... Овие фотографии ги гледаме одново и одново од луѓе кои се обидуваат да го продадат својот (најчесто лажен) животен стил и да „фатат“ спонзори за нивните досадни профили.

Insta Repeat е профил на кој се укажуваат овие неоригинални клонови, а веќе има над 304.000 следбеници. Автор на профилот е анонимна 27-годишна девојка од Енкориџ, Алјаска на која ѝ се смачило да ги гледа истите работи одново и одново пласирани како нешто оригинално и вредно за следење.

Уверете се сами, навистина се потрудила да ги „разобличи“:

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.