x

Иновативни телефони од минатото со револуционерни карактеристики

Категорија: Занимливости Објавено на 19 Септември, 2017 од GSM.mk

Сите овие телефони, своевремено беа иноватори, но сите имаа иста судбина - исчезнаа од пазарот.

Некои производители на мобилни телефони едноставно прават чекор понапред, иновирајќи не само за себе, туку и за другите, кои ги прифаќаат иновациите. 

Денес, нивните опции се општо прифатени, додека во моментот кога ги имале први, овие уреди биле речиси непознати за повеќето корисници. 

Првиот телефон со читач на отисоци на прсти

Иако Apple ги убеди корисниците дека читачот на iPhone е неопходен, првиот модел кој го имаше беше Pantech GI100, уште во 2003 година - три години пред првиот iPhone да се појави на пазарот.

Првиот телефон кој го исфрли 3.5 милиметарскиот аудио приклучок

Не, не беше iPhone 7, туку уште во 2003 година моделот O2 XDA II на HTC. Наместо ваков аудио приклучок, моделот имаше мини USB, кое се користеше и за полнење и за поврзување со компјутер.

Првиот телефон со напредна опција на камерата

Иако со ова може да се пофали било која камера од N серијата на Nokia, првиот модел со bokeh ефект кој денес е исклучително популарен е Nokia Lumia 925, и тоа не со две, туку со една камера.

Првиот телефон со забавено движење на видео

Денес Sony и Samsung се натпреваруваат чија камера е подобра во ова, бидејќи овозможуваат видеото да биде „развлечено” во 960, односно 1.000 fps, а некогаш шампион и иноватор на ова поле беше LG, со моделот KU990 Viewty, чија камера уште во 2007 година нудеше 120 fps, но во скромна 240p резолуција.

Првиот телефон со мултитач поддршка, гестови, безжично полнење

Сето ова уште во 2000-та година го имаше Palm Pre, баш како и Casio Can 502S, кој беше и отпорен на потопување во вода до 30 минути.

За жал, од сите овие компании, иако беа иноватори, Ericsson, Sony Ericsson, Palm, Nokia, Siemens, Pantech, XDA и многу други, денес не постојат или постојат како „остатоци” врз кои нови компании изградија нов систем или уште се обидуваат да го изградат.

Кој телефон вие го памтите како целосно различен?

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.