x

Instagram: 5 начини за повеќе лајкови на фотките

Категорија: Совети Објавено на 17 Ноември, 2016 од GSM.mk

Популарната социјална мрежа за обработка и споделување на фотографии, Instagram, направи анализа како фотографиите што ги објавуваат корисниците да добиваат повеќе лајкови.

Стартапот кој работи за компании како Gap, Swarovski и Neiman Marcus, има технологија која ги анализира фотките пиксел по пиксел и потоа следи како се шеруваат онлајн.

„Лајковите на Instagram многу се ценат, но тешко е да се дојде до нив. Речиси 65 проценти од Instagram фотографиите имаат меѓу 0 и 10 лајкови“ - вели Апу Гупта, еден од извршните директори на Instagram.

Еве ги насоките за собирање повеќе лајкови:

1. Фотографирајте предмети со сина боја. Тие осигуруваат до 24 проценти повеќе лајкови од фотографиите на кои доминираат црвената и портокаловата боја.

2. Посветлите фотографии добиваат до 24 проценти повеќе лајкови од оние со темни нијанси.

3. Фотографиите со десатурирани бои добиваат 18 проценти повеќе лајкови од оние со јаки бои. Тоа значи дека црно-бела фотка ќе привлече повеќе интерес од онаа со јаки, „дречливи“ бои.

4. Оставете дел од позадината на фотографиите за да добиете повеќе лајкови. Фотките со крупен кадар кои не откриваат многу од околината можеби изгледаат интересно, но не привлекуваат лајкови. Оние кои имаат до 90 проценти од позадината се многу поуспешни.

5. Доловете текстура. Фотографиите кои имаат текстура имаат до 79 проценти повеќе лајкови.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.