x

Instagram додаде долгоочекувана функција!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 14 Јануари, 2020 од GSM.mk

Instagram додаде неколку нови и забавни функции кои корисниците ги бараа подолго време...

Со популарноста на апликацијата TikTok која е се поголема и поголема, Instagram реши да додаде неколку нови функции за Story. Станува збор за неколку нови ефекти кои се додадени на Boomerang опцијата - SlowMo, Echo blurring, Duo и Trimming. 


Функциите ќе бидат достапни за сите корисници во следните неколку дена. Како што кажува самото име, SlowMo ја променува брзината на видеото. Од друга страна, Echo blurring служи за замаглување, додека Duo го премотува видеото на самиот почеток со дигитализиран изглед. Последно, Trimming служи за променување на должината на видеото. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.