x

Instagram ќе добие видео повици

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 02 Февруари, 2018 од GSM.mk

Instagram планира да воведе опција за бесплатни видео повици. Опцијата ќе биде воведена во наредните месеци, а моментално поминува низ процес на тестирање.

Корисниците нема да бидат во можност да повикаат било кого, туку само корисниците со кои разговараат преку директни пораки и ко ќе го одобрат испратеното барање.

Ова ќе значи и значителна промена во фокусот на Instagram, кој отсекогаш примарно беше мрежа за споделување на фотографии.

Додавањето на опцијата за видео повици е сигнал кон промена во насока апликацијата да стане повеќе фокусирана на размена на пораки и комуникација.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.