x

Instagram ќе ги известува пријателите ако направите скриншот од приватна порака

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 28 Ноември, 2016 од GSM.mk

По „приказните“, последната новина на социјалната мрежа Instagram е опцијата за директно испраќање фотографии на пријател, што автоматски се бришaт по извесно време - две новини инспирирани од Snapchat.

Според најновите информации, исто како и Snapchat, Instagram ќе ве известува доколку ваш пријател направи скриншот од приватно испратената порака.

Компанијата го вклучува овој новитет како нов слој на заштита на приватноста, односно предупредување за нарушување на истата. Бидејќи не беше посебно најавена, новоста предизвика мал шок кај корисниците на интернет.

За да пристапите до „тајната“ опција на Instagram треба да го имате најновиот апделт, да вклучите камерата во апликацијата и да излизгате со прс од лево на десно. Тука ќе ве ви се отвори нов прозорец кој ќе ви овозможи праќање на фотографија на одбраните пријатели, која што автоматски ќе се избрише откако ќе ја погледнат.

Ако некој направи скриншот од ваква приватна порака или фотографија за да ја зачува, испраќачот ќе добие известување за ова. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.