x

Instagram ќе ве информира колку време поминувате на апликацијата секојдневно!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 18 Јуни, 2018 од GSM.mk

Исто како што новата функција на Apple со iOS 12, Screen Time, мери колку време поминувате на вашиот iPhone секојдневно, Instagram планира да претстави нешто слично во врска со својата апликација..

Наводно, Instagram ќе претстави нова функција, наречена "User Insights," која ќе покажува колку време поминуваат корисниците на апликацијата секој ден. Од друга страна, слично како новата опција на YouTube која ве потсетува да одморите од гледањето видеа, Instagram ќе ве потсетува да прекинете да ја користите апликација по одредено време кое вие сами ќе одлучите.

Instagram feature will allow you to track how much time you spend using the app each day?

The User Insights link is expected to be found on a menu accessed on the member's profile page


Друга функција која ќе биде претставена, ќе им дозволи на Instagram корисниците да ограничат колку нотификации ќе им стигнуваат од апликацијата, што всушност ќе помогне да го намали нивното користење на апликацијата. 

Додека "User Insights" функцијата сеуште треба да биде претставена од Instagram, трендот кон "поздраво" користење на смартфоните веќе е започнат. Очекувајте се повеќе популарни апликации да започнат да претставуваат слични функции. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.