x

Instagram: Најпопуларните дестинации за патување

Категорија: Забава Објавено на 26 Јуни, 2017 од GSM.mk

Во времето на социјални мрежи и постојаното фотографирање ако нешто не е објавено онлајн, исто како да не се случило. Instagram е една од најпопуларните мрежи, а нејзините корисници често објавуваат информации каде се наоѓаат, користејќи хаштаг ознаки..

Со помош на овие податоци On The Go Tours ги откри најпосетените локации во светот. На првото место се наоѓа Ајфеловата кула со преку три милиони хаштаг ознаки. На второ место е Биг Бен, со повеќе од 2,5 милиони хаштаг ознаки.

Големиот Кањон во Аризона е на трето место, со скоро 2 милиони хаштаг ознаки, додека Лондонското око е на четврто место. На петтото место е Емпаер Стејт Билдинг, па Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Тауер Бриџ во Лондон е на седмо место, а по него се Статуата на слободата, Саграда Фамилија и Колосеумот во Рим.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.