x

Instagram отстрани една од најконтраверзните функции од својата апликација!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 09 Октомври, 2019 од GSM.mk

Instagram постојано додава нови функции на својата апликација, но овој пат отстрани една од најстарите и најконтраверзните опции кои беа достапни..

Отсега, ‘Following’ опцијата не е достапна во Activity feed делот. Оваа опција беше прв пат претставена во 2011 година и беше популарна меѓу корисниците.

На почетокот, оваа опција беше најдобриот начин за корисниците да откријат нови постови, бидејќи овозможуваше да ги видат сликите кои ги лајкуваат и коментираат луѓето кои ги следат. Но, сега оваа опција не е толку корисна и голем дел од корисниците не се ни свесни дека постои. 

Instagram's removing one of its most controversial features

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.