x

Instagram подготвува интересни новини, но нема да се достапни за секого

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 13 Септември, 2016 од GSM.mk

Instagram има неколку нови и интересни функции кои наскоро би требало да станат достапни, но сепак, нема да може секој да ги користи.

За да имате пристап до нив, ќе мора да поседувате iPhone 7. По претставувањето на новиот модел, како и сите функции што ги има неговата камера, Instagram реши да ги искористи сите тие предности и да ги прошири опциите за корисниците.

Освен зумирањето, што сега е достапно за најголемиот дел од корисниците, Instagram за корнисиците на iPhone 7 ќе прилагоди постоечките филтри, за подобро да ги искористат новите сензори што ги нуди новиот смартфон, пишува PetaPixel.

Исто така, за iPhone 7 ќе има и комплетно нов филтер кој останатите корисници нема да може да го користат. Промените треба да имаат влијание на квалитетот на фотографиите и видеата што се објавуваат на мрежата.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.