x

Instagram станува ривал на YouTube, ќе објавува видеа долги до 1 час

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 07 Јуни, 2018 од GSM.mk

Следниот потег на Instagram би можел сериозно да навлезе во полето на YouTube и да „украде“ дел од неговите корисници. Од компанијата работат на новитет кој ќе им дозволи на корисниците да објавуваат подолги видеа во времетраење до еден час.

Социјалната мрежа почна само со објавување слики, па потоа ја прошиши понудата и со можност за објавување видеа, а сега има во план да продолжи со објавување видеа подолги од досега дозволените 60 секунди за видео кои се објавува на профилот и 15 секунди за видео во Stories.

Од досегашните информации не можеме да потврдиме како точно ќе работи оваа нова опција, но знаеме дека како и досега, видеата ќе бидат објавувани вертикално. Оваа опција веројатно ќе биде некој вид додаток на Instagram Stories делот од апликацијата.

Ваквата можност за објавување на подолги видеа би можело да донесе поголем приход за Instagram, посебно ако познатите креатори се префрлат од YouTube на Instagram.

Засега не е познато кога би можела да пристигне оваа измена, но се очекува во текот на летото таа да биде достапна во форма на апдејт на апликацијата Instagram.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.