x

Instagram тестира нова опција за објавување повеќе фотографиии одеднаш

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 04 Февруари, 2017 од GSM.mk

Помалку скриено во верзијата 10.7.0 која пристигнува за Android корисниците, Instagram тестира можност за објавување на повеќе фотографии во еден албум.

Ако сте го забележале ова како можност во рекламите кои ви се прикажуваат, веројатно наскоро ќе биде достапно за сите корисници.

Кога во целост ќе се воведе новата опција, корисниците ќе можат да одберат до десет фотографии, да ги уредат поединечно со филтрите и потоа да ги прикачат како албум.

Моментално, иако можеме да одбереме фотографии за албум, тие не можат да се објават во тој формат. Веројатно бидејќи опцијата е уште во тест фаза.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.