x

Instagram тестира нови функции: GIF стикери и многу повеќе

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 02 Декември, 2017 од GSM.mk

Instagram додаде голем број нови функции оваа година на својата апликација - стикери, Stories, филтри и уште многу други. Сега, компанијата тестира уште неколку интересни додатоци..

Една од новите функции е “regram”, што всушност е "retweet" за Instagram. Доколку сакате да постирате нечија слика, треба да ја симнете, да ја постирате како ваша и да ја тагнете личноста во описот, доколку сакате. 


Втората функција се GIF стикерите. Ваквите кратки видеа кои се повторуваат ќе може да ги користите на "Stories". Сега за сега, не воодушевуваат, но можеби ќе бидат променети пред нивното официјално претставување. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.