x

Instagram воведува нова опција која ќе биде достапна за сите корисници

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 26 Јануари, 2017 од GSM.mk

По воведувањето на опцијата Instagram Stories популарната мрежа сега воведе и опција за live видео преку која корисниците ќе можат да објавуваат видеа со должина од 60 минути.

Оваа опција беше стартувана во САД во декември, а наскоро ќе стане достапна за сите корисници во светот.

За да почнете да ја користите, треба да ја одберете камерата која се наоѓа во годниот лев агол. Потоа на дното на екранот ќе се појави опцијата Live, а ако кликнете Start Live Video почнува стимувањето на видеото кое може да трае до еден час.

Кога некој од луѓето што ги пратите на Instagram ќе објави live видео, на нивната профилна фотографија ќе се појави зборот Live.

Од Instagram нагласуваат дека надградбата ќе биде достапна за корисниците со ажурирани апликации.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.