x

Instagram воведува уште една корисна опција

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 22 Септември, 2016 од GSM.mk

Instagram последниот период направи многу измени во апликацијата и воведе повеќе новини, а сега нудат уште една интересна опција. Мрежата за првпат почна да ја тестира опцијата drafts минатиот месец, сега ја направи достапна за сите корисници.

Опцијата овозможува да се зачува фотката во текот на работењето, а подоцна повторно да се отвори за да се направат нови корекции пред објавувањето. За да се зачува некоја од фотките, доволно е да се стисне стрелката за враќање и апликацијата самата ќе праша дали сакате да ја зачувате фотката, пишува Mashable.

Зачуваните драфт-фотки ќе се појавуваат во посебен дел на вашиот профил, над останатите фотки. Instagram исто така воведе и опција manage, со која ќе може да ги отстранувате драфтовите што повеќе не ви се допаѓаат.

Ова е добродојдена новина, со оглед на тоа дека досега апликацијата немаше начин за лесно да ги зачува фотографиите за подоцнежно обработување или доработување.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.