x

Instant Games: Pac-Man, Space Invaders и други класици отсега на Facebook Messenger

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 04 Декември, 2016 од GSM.mk

Facebook ја претстави новата опција наречена Instant Games која овозможува играње на игри како Pac-Man и Space Invaders на Messenger-от на оваа социјална мрежа.

Имено, до инстант игрите може да пристапите директно од Facebook Messenger. Instant Games се достапни за iOS 8 или понов софтвер и Android 5 или понов.

Опцијата вклучува 17 различни наслови, вклучувајќи и добро познати класици - кога станува збор за видео игри, и тоа:

PAC-MAN (BANDAI NAMCO Entertainment Inc.)
Galaga (BANDAI NAMCO Entertainment Inc.)
Arkanoid (TAITO CORPORATION)
Space Invaders (TAITO CORPORATION)
Track & Field 100M (Konami Digital Entertainment Co., Ltd.)
Words with Friends: Frenzy (Zynga)
Shuffle Cats Mini (King)
EverWing (Blackstorm)
Hex (FRVR)
Endless Lake (Spilgames)
Templar 2048 (Vonvon)
The Tribez: Puzzle Rush (Game Insight)
2020 Connect (Softgames)
Puzzle Bobble (TAITO CORPORATION / Blackstorm)
Zookeeper (Kiteretsu)
Brick Pop (Gamee)
Wordalot Express (MAG Interactive).

До игрите се пристапува лесно - отворете го четот со било кој пријател и кликнете на иконата контролер. Одберете од листата на игри и кликнете play, а вашиот пријател ќе биде предизвикан да го победи вашиот резултат.

Во ова прво лансирање, Instant Games се доспани во 30 земји во светот, и тоа: Норвешка, Данска, Швајцарија, Шведска, Велика Британија, Канада, САД, Јапонија, Холандија, Австралија, Германија, Австрија, Латвија, Ирска, Белгија, Нов Зеланд, Франција, Сингапур, Финска, Хонг Конг, Руска федерација, Естонија, Тајван, Словенија, Порторико, Кипар, Израел, Литванија, Шпанија и Италија.

Очекуваме оваа опција да стане наскоро достапна и во останатите предели во светот, вклучувајќи ја и Македонија. 


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.