x

Интересен водич: Што вели смартфонот за вас?

Категорија: Забава Објавено на 17 Април, 2019 од GSM.mk

Можеби не знаете, но смартфоните се повеќе од уреди кои ни користат за сурфање и правење повици. Всушност, станува збор за гаџети кои кажуваат многу повеќе за вас отколку што мислите..

Токму затоа, направивме кратка листа од најпопуларните смартфони и брендови и што тие покажуваат за своите сопственици:

1. Apple iPhone

What your smartphone says about you: the

Кога ќе се погледнете во огледало, задоволни сте со она што го гледате. Вие сте токму онаква личност каква што сакате да бидете, па дури и вашите "недостатоци" ве прават подобри. Во никој случај не сте соврешни, но не сте ни во потрага по тоа. Од друга страна, кога пријател ви кажува како се чувствува за одреден проблем, вие "жртвувате" дел од вашето скапоцено време за да им помогнете на било кој начин на кој можете. На кратко, го живеете животот до максимум!

2. Samsung уред

What your smartphone says about you: the

Најверојатно, имате пораснато во побогато семејство и проблемите често знаете да ги решите со пари. Вашето внимание често е поделено меѓу неколку проекти и работите завршуваат како што сте планирале. И покрај силниот карактер, имате голема поддршка од вашето семејство, кое ви помага да се движите напред и да ги исполните своите цели.

3. Sony телефон

What your smartphone says about you: the

Не сакате промени. Кога ќе најдете нешто што ви се допаѓа, останувате со него, без разлика на се! Истотака, имате моќ да ја видите убавината во работите кои другите може не ги забележуваат и не се грижите ако вашите одлуки се неконвенционални. Лојалноста е од особена важност за вас, но ви недостастува самодовербата која ќе ви помогне да ги остварите поамбициозните цели кои би ве направиле среќни.

3. LG телефон

What your smartphone says about you: the

Често се чувствувате како да трчате во круг, неуспевајќи да ги исполните целите. Сте се обиделе да го промените тоа експериментирајќи со нови работи, но неуспешно. Ве чека долго патување пред вас, но полно со авантури и промени!

4. OnePlus телефон

What your smartphone says about you: the

Млади сте, но имате големи амбиции и надеж за иднината. Луѓето често ги привлекувате со вашата природна харизма и начинот на кој го гледате животот. Немате потреба од тоа на сите да им се допаѓате, се додека оние кои ви се важни во животот се до вас. Имате природна дарба за спорт и постигнувате високи резултати без проблем.

5. Huawei телефон

What your smartphone says about you: the

Луѓето често ве гледале како "аутсајдер" и вашите успеси им биле сомнителни - работи кои го зацврстиле вашиот карактер. Многу пати сте се обиделе да го промените мислењето на другите за вас, но за среќа, успесите зборуваат сами по себе. Сега, мислењето на другите не ве засега многу, а на многу полиња во вашиот живот сте започнале од ново, со нови визии и светла иднина.

6. Motorola телефон

What your smartphone says about you: the

Не ве засега многу мислењето на другите, бидејќи ниту вие не сте заинтересирани за нивниот живот многу. Кога излегувате, најчесто ја одбирате облеката во која се чуствувате најкомотно, не посветувајќи големо внимание на трендовите. Истотака, често го променувате вашето работно место, што ви оневозможува да имате стабилен социјален круг. Facebook пораките за роденден се од луѓето кои ви се најблиски и сте среќни со вашиот живот.

7. Xiaomi телефон

What your smartphone says about you: the

Вашите скромни почетоци ве научија на едно нешто - за да ги добиете работите кои ги сакате во животот, треба да работите напорно. Можеби сте почнале од буквално ништо, а вашиот напорт започнува да се исплаќа, полека но сигурно. Не сте секогаш сигурни што треба да правите, но барате инспирација и работите напорно. Сепак, и вашиот "скромен карактер" знае да биде привлечен од луксузот и ви овозможува да си дозволите поскапи и уникатни работи.


Дали се пронајдовте во некој од описите? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.