x

Интернет пребарувачот на Samsung е побрз и побезбеден од било кога!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 12 Март, 2018 од GSM.mk

Оваа недела, Samsung го ажурираше интернет пребарувачот за Android и го направи побрз и побезбеден од било кога

Најновата верзија на Samsung Internet Browser (v. 7.2) користи Chromium M59 со што нуди побрзо интернет пребарување и подобрена графика во онлајн гејмањето. Новиот Internet Browser на Samsung доаѓа со заштитено пребарување кое ги известува корисниците кога сурфаат на страни кои се обидуваат да им украдат информации или да создадат вирус. Истотака, доаѓа со подобрувања во интерфејсот, вклучувајќи “Add to home screen” икона за веб апликациите. Покрај тоа, оптимиризано е и менувањето на табови и сега е поефикасно кај уреди со 1GB RAM и помалку. 

Сега за сега, новитетите се достапни само на бета верзијата од Samsung Internet Browser. Најверојатно, регуларната верзија наскоро ќе ги добие истите функции. Како што знаете, не ви е потребен Samsung уред за да го инсталирате Internet Browser. Пребарувачот може да го инсталирате речиси на секој уред кој работи барем на Android 5.0. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.