x

Интернетот до 2022 година ќе биде двојно побрз, достапен за 60% од луѓето

Категорија: Занимливости Објавено на 10 Јули, 2019 од GSM.mk

Новиот извештај на компанијата Cisco фрла светло врз развојот на интернетот во следните пет години – од 2017 до 2022 година. Истражувањето е насловено „Visual Networking Index“ (VNI) и вклучува голем број показатели за глобалната мрежа.

Прогнозата покажува дека до 2022 година, интернет ќе користи 60 % од светската популација. Кон глобалната мрежа се очекува да бидат поврзани над 28 милијарди уреди, откако на еден корисник ќе се паѓаат во просек по 3,6 уреди, додека во 2017 година овој показател е 2,4 уреди по корисник.

Брзината на широкопојасните, мобилните и Wi-Fi мрежите во светот ќе се зголеми речиси двојно во текот на периодот што се разгледува. Кон 2022 година светскиот IP сообраќај ќе достигне 396 екзабајти на месец, наспроти 122 во 2017 година. Бројот на интернет корисниците, пак, ќе се зголеми од 3,4 милијарди (45% од населението на Земјата) до 4,8 милијарди (60%).

Повеќе од половина поврзани уреди во 2022 година ќе бидат од типот M2M (машина-до-машина), додека во почетокот на разгледуваниот период нивниот удел бил 34 отсто. Во апсолутна смисла, тоа е околу 14,6 милијарди врски во 2022 година, во споредба со 6,1 милијарди во 2017 година.

Просечната брзина на фиксните широкопојасни интернет мрежи во светот речиси ќе се удвои за пет години – од 39,0 Mbps (мегабити во секунда) до 75,4 Mbps додека просечната брзина на Wi-Fi мрежите ќе порасне од 24,4 Mbps до 54,0 Mbps. Се очекува мобилните интернет-врски да ја зголемат просечната брзина до 28.5 Mbps, според Cisco Visual Networking Index.

Претходно овој месец, Меѓународната унија за телекомуникации (ИТУ) објави извештај според кој 3,9 милијарди луѓе или 51,2% од населението на Земјата се на интернет. Во последните 13 години, интернетот најбрзо се пробива во Африка – додека во 2005 година корисници беа само 2,1% од населението на континентот, овој показател се зголеми на 24,4% во 2018 година.

Но, пенетрацијата на интернетот во Африка и понатаму е многу послаба отколку во развиените региони. На пример, пристапот до мрежата во Европа има 79,6% од популацијата кон крајот на тековната година.

Севкупно, во развиените земји, учеството на луѓето што користат Интернет се зголеми од 51,3% во 2005 година на 80,9% во 2018 година, додека во земјите во развој се забележува напредок за 7,7 до 45,3% во текот на разгледуваниот период.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.