x

iOS 10 веќе присутен кај половина од уредите!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 03 Октомври, 2016 од GSM.mk

Скоро 50% од сопствениците на iPhone, iPad и iPod веќе го користат новиот iOS 10 кој излезе пред помалку од 2 недели..

На почеток на месецот, Apple официјално изјави дека 9 од 10 уреди кои можат да инсталираат iOS 10 веќе го направиле тоа. Аналитичката фирма Mixpanel открила дека 48,16% од Apple сопствениците го имаат најновиот оперативен систем. 

Со огромниот раст на iOS 10, Apple очекува да го повтори импресивниот успех кој го доживеа со iOS 9. Иако луѓето сметаат дека Apple се бори да ги привлече корисниците кон новиот оперативен систем, проценките на Mixpanel не се официјални. Со само 47,79 % од уредите кои работат на iOS 9, се чини дека најновата верзија официјално стана главниот оперативен систем на Apple.

Дали вие веќе го инсталиравте iOS 10 и како ви се допаѓаат новите карактеристики ?


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.