x

iOS 10.1 прави проблеми на постари уреди

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 10 Октомври, 2016 од GSM.mk

iPhone корисниците, кои го немаат ставено iOS 10, добиваат пораки при користење на постари апликации кои им "препорачуваат" да го сменат својот оперативен систем за да се подобри брзината и корисноста на телефонот.

Во 2013 година, Apple започна со производство на 64-bit апликации, а во 2015 година нивното користење стана задолжително. Идејата на Apple е да ги насочи корисниците кон овие апликации. Предупредувањата за нивно користење се појавуваат при уклучување на 32-bit апликации.

Во септември, Apple најави дека сите апликации кои не се користат со најновиот update ќе бидат избришани во текот на 30 дена. Со ваков вид кампања, компанијата пробува да ги убеди своите корисници да го инсталираат најновиот iOS 10 оперативен систем.

Сепак, се повеќе корисници се жалат дека најновата бета верзија на оперативниот систем предизвикува проблеми кај iPhone 5 и iPhone 5s, односно телефоните се премногу успорени, а апликациите често сами се гасат. 

Apple сеуште нема официјален коментар.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.