x

iOS 10.3.1 beta доаѓа на 10 јануари!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 03 Јануари, 2017 од GSM.mk

Според неколку твитови од твитерџија кој честопати го предвидува следниот чекор на Apple, компанијата ќе ја пушти бета верзијата од iOS 10.3 на 10 јануари, заедно со нова функција, Theater mode.

Па што е Theater mode? Иако никој точно незнае, според шпекулациите, би можел да работи вака: Да речеме дека сте во театар. За да не ги вознемирувате луѓето околу вас, со вклучување на ваквиот мод, може да бидат оневозможени сите звуци и функции кои би пречеле на другите. Може да бидат блокирани повиците и пораките, да биде намалена светлината на екранот и да бидат исклучени сите нотификациите кои доаѓаат од апликациите.



Пред неколку недели, Apple го претстави iOS 10.2. Овој update дојде со нови Unicode 9 емотикони, специјални ефекти за апликацијата за пораки и нова SOS функција.



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.