x

iOS 11: Bluetooth и Wi-Fi ќе може да работат и при Airplane Mode!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 27 Јуни, 2017 од GSM.mk

Apple го најави iOS 11 на почетокот на јуни и со него доаѓаат голем број подобрености, меѓу кои и некои подновувања кај Airplane Mode опцијата...

Airplane Mode е функција која ги елиминира сите опции за поврзување на уредите и предизвикување штета при летот. Тоа значи дека може да го користите телефонот, но без WiFi, Bluetooth, 3G и слично. 

Но, да речеме дека ви е потребно Bluetooth за да го поврзете вашиот iPhone со вашиот Apple Watch. Користејќи ја Airplane Mode опцијата, ваквото поврзување не би било возможно. Со iOS 11, работите ќе се променат. Корисниците ќе може да користат и Bluetooth и WiFi и при Airplane Mode, за да може да ги конектираат своите додатоци, како AirPods или Apple часовници. 

Новите iPhone модели ќе доаѓаат со iOS 11 однапред инсталиран, а останатите уреди ќе го добијат истотака некое време оваа есен. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.