x

iOS 11 предизвика сериозен проблем со батериите кај голем број корисници

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 04 Октомври, 2017 од GSM.mk

Новите софтверски подобрувања знаат да бидат возбудливи, но често доаѓаат со непријатни проблеми. Новопретставениот iOS 11 на Apple е уште еден пример за тоа..

Голем број од корисниците се жалат од неколку проблеми кои се појавиле по инсталирањето на iOS 11. Најчесто пријавениот проблем е со драстичното "цедење" на батериите. Обично, ваквиот проблем компанијата го решава брзо, но сеуште постои голем дел на корисници кои се мачат со издржливоста на батеријата на својот уред.


Според истражувањата, издржливоста на iOS 11 е 96 минути, што е значително помалку од 240-те минути постигнати со iOS 10. Се разбира, ваквите резулати се груба генерализација и издржливоста варира кај секој уред и корисник.

Cupertino го претстави новиот iOS 11.0.1 кој реши дел од проблемите кој ги пријавија корисниците, но проблемот со брзото трошење на батериите е сеуште тука. 

Дали и вие искусивте ваков проблем со новиот iOS 11?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.