x

iOS 11: Сите подобрувања и промени кај камерите!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 08 Јуни, 2017 од GSM.mk

Иако iOS 11 ќе биде претставен за неколку месеци, веќе се запознавме со сите промени кои ги носи. Да ги погледнеме подетално промените кои доаѓаат во камерите:

1. Live Photos

Откако Live Photos беа претставени пред 2 години, Apple нема направено големи промени кај нив. Доколку сакате некоја слика да ја претворите во gif, мора да барате помош од голем број апликации. Со iOS 11, може да ги претворате Live Photos во анимации, гифови и кратки видеа слични како оние со Boomerang на Instagram, без користење на други апликации. 
2. Претворете ја било која слика во WatchFace

Нова опција во share менито, ви дозволува било која слика да ја трансформирате во Apple WatchFace.
3. Подобар Portrait Mode

Portrait Mode беше претставен заедно со iPhone 7. Со него, може да правите професионални фотки со замаглени позадини. Но, единствен недостаток е што неможе да работи со HDR, блиц и неможе да ставате филтри. За среќа, сите овие функции ќе бидат возможни со iOS 11. Истотака, ќе може да правите подобри слики при пониска светлина.
4. Camera App 3D Touch Menu
Мала промена тука, која iPhone 7 Plus корисниците ќе ја ценат. Сега ќе може директно да го вклучите Portrait модот од 3D Touch менито.
5. Од Portrait mode до нормална слика
Досега, имавте две можности, или да направите портрет или обична фотка. Со новиот update, може да го тргнете ефектот на замаглување од портрет фотографијата и да добиете нормална слика. Истотака, може да го менувате интензитетот на замаглувањето по ваша желба.
6. Помалку меморија

Наводно, со iOS 11, сликите и видеата ќе зафаќаат многу помалку меморија, дури до 50% помалку. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.