x

iOS 11.1.2. предизвика сериозни проблеми кај iPhone моделите

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 03 Декември, 2017 од GSM.mk

Проблем кој се појави со iOS 11.1.2 предизвика сериозни проблеми кај одредени iPhone модели околу светот..

Проблем кој дојде со iOS 11.1.2 предизвика сериозни проблеми кај iPhone моделите околу светот, кои постојано се рестарираа откако датумот се сменил на 2 декември. Проблемот бил предизвикан од апликации кои праќаат локални нотификации и секојдневни потсетници, како што се апликациите Headspace или Calm. 

Корисниците кои го забележале ваквиот проблем веднаш го пријавиле во Apple продавниците. Наводно, совет на вработените бил да го вратат датумот неколку дена порано. Друг начин да се прекине рестартирањето бил со исклучување на нотификациите. 

За среќа, Apple одма го реши проблемот со iOS 11.2. За да го инсталирате iOS 11.2, одете во:

  •  Settings > Notifications.
  • Кликнете на апликација, потоа исклучете ја опцијата "Allow Notifications."
  • Повторете го процесот за сите апликации
  • Инсталирајте го iOS 11.2.
  • По update-тот, одете во Settings > Notifications и вклучете ја опцијата "Allow Notifications" повторно.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.