x

iOS 11.3 Beta 2 доаѓа со ново мени за следење на капацитетот на батеријата!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 08 Февруари, 2018 од GSM.mk

Со iOS 11.3 Beta 2, Apple претстави ново мени со кое ќе корисникот ќе може да го проверува капацитето и издржливоста на батеријата во уредот..

По последниот iPhone скандал минатата година, Apple призна дека не беше искрен со своите корисници во врска со капацитетот и издржливоста на постарите iPhone уреди. На кратко - компанијата вештачки ги успоруваше перформансите на iPhone уредите со постари батерии, за да спречи слабите батерии да предизвикаат проблеми. Но, корисниците не беа известени за ваквите активности и не знаеа зашто нивните уреди наеднаш стануваа поспори.

За да ја врати довербата кај своите корисници, Apple понуди пониска цена за промена на батериите кај овие смартфони, по цена од 29 долари и вети update во иднина кој ќе им дозволи на корисниците да го следат животот на батериите. Сега, со iOS 11.3 Beta 2 конечно беше претставено такво мени. За да стигнете до него, треба да одите во Settings → Battery, каде ќе најдете ново мени, наречено Battery Health (Beta). Таму, ќе може да го прочитате максимум капацитетот на батеријата на уредот. Доколку бројката е помала од 80% - време е за промена.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.