x

iOS 11.3: Како да го проверите здравјето на батеријата?

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 10 Февруари, 2018 од GSM.mk

Откако Apple призна дека вештачки ги успоруваше постарите iPhone уреди и ја изгуби довербата кај дел од корисниците, сега се обидува да ја поправи својата грешка на секој можен начин..

Откако понуди замена на проблематичните батерии по цена од 29 долари, Apple додаде нова опција со новиот update, iOS 11.3, со која им овозможува на корисниците да ја проверат издржливоста и капацитето на батериите во секое време. Доколку капацитетот е помал од 80%, време е за нејзина замена.

Еве каде може да го најдете ваквото мени:

1. Одете во Settings → Battery. Кликнете на новото Battery Health (Beta) мени

2. Тука, може да го видите максималниот капацитет на вашата батерија


3. Доколку е понизок од 80%, треба да ја промените батеријата


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.