x

iOS 13: Сите промени кои ќе дојдат со iPhone 11!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 10 Мај, 2019 од GSM.mk

Претставувањето на iOS 13 е за само еден месец, а деновиве се запознавме со сите новитети кои ќе ги нуди оперативниот систем:

Наречен “Yukon”, новата iOS верзија ќе биде достапна за корисниците од септември, но официјално ќе биде најавена за само еден месец. Имено, една од најголемите промени е новата Dark Mode опција, која ќе може да биде вклучена преку Control Center и доаѓа со "црно-сив интерјфес", кој е оптимизиран за ноќно користење на уредот.

Како додаток за iPad корисниците, iOS 13 ќе понуди и нов home екран. Истотака, како уште еден новитет ќе биде можноста да се користат различни верзии од иста апликација на iPad - функција која ќе работи слично како табовите кај macOS и Windows 10.

Од останатите новитети, Apple подготвува низа промени инспирирани од WhatsApp за својата iMessage апликација. Со iOS 13, корисниците ќе може да имаат профилни фотографии и имиња. За најдоброто Animojis и Memojis искуство, Apple подготвува посебно мени само за овие стикери. Од останатите апликации, очекуваме промени и кај Maps.

Последно, компанијата подготвува нова Screen Time функција преку која родителите ќе може да го лимитираат времето кое нивните деца го поминуваат на својот уред.

Screen Time in iOS 12

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.