x

iOS 13.2.2: Мултитаскингот се враќа кај iPhone уредите!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 12 Ноември, 2019 од GSM.mk

iPhone и iPad корисниците само што ги добија новите iOS 13.2.2 и iPadOS 13.2.2 update-ти..

Новиот iOS најпрво решо голем проблем со менаџмент на меморијата кој се појави пред неколку дена. Еден Reddit корисник се пожали дека "користел Apollo, потоа вклучил WhatsApp да одговори на порака и кога се вратил на Apollo апликацијата морала од почеток да се лоадира". Затоа, со iOS 13.2.2 Apple реши да го врати мултитаскингот.

Истотака, iOS 13.2.2 реши проблем поради кој iPhone корисниците губеа мрежа и конекција од нигде и никаде. Дел од корисниците се жалеа дека не можат да одржат нормална конекција, иако сите црти биле полни на мрежата. 

iPadOS 13.2.2 може да го инсталирате во Settings > General > Software update.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.