x

iOS 9.3 воведува ноќен мод на екранот!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 14 Јануари, 2016 од GSM.mk

Apple наскоро ќе го направи достапен за симнување новиот iOS 9.3, кој покрај подобрувањата и новите команди за 3D Touch и синхронизацијата со Apple Watch, ќе донесе неколку интересни новини. Една од нив е и новиот Night Shift мод...

Она што повеќето го знаат е дека изложеноста на сината светлина од екранот на телефонот (особено кога има бела позадина - на пример скролање на Facebook) влијае врз нашата можност да заспиеме. Овој проблем досега се решаваше преку џејлбрејк на телефонот и f.lux екстензијата од Cydia, но Apple конечно ги слушна нашите поплаки.

Часовникот на вашиот телефон или таблет се синхронизира со вашата геолокација и пресметува кога сонцето изгрева и заоѓа секој ден. Потоа, ги преместува боите кон потопла нијанса навечер, со што се „полесни“ за вашите очи.

Она што не е специфицирано е дали можете да ја изгасите опцијата доколку не сакате да ја користите.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.