x

iOS губи позиции во Европа, но расте во САД

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 08 Ноември, 2018 од GSM.mk

Популарноста на оперативните системи iOS и Android е сосема поинаква на големите пазари, вклучувајќи во САД, Европа и Кина, според податоците на аналитичарите на Kantar за септември оваа година.

Уделот на платформата на Apple порасна во САД за 5 процентни поени на годишна основа, достигнувајќи 39,7 отсто. Според анализите на Kantar, токму на американскиот пазар Apple има најголем напредок.

Во исто време, уделот на Android во САД падна во септември на 60,1 отсто на годишна основа, но порасна во текот на претходните месеци. На другите големи пазари, платформата на Google силно доминира.

На пример, во Кина, iOS е распространет на околу 18,8 отсто од пазарот, забележувајќи мало зголемување во споредба со септември минатата година кога изнесуваше 17,3. Во Германија, мобилниот систем на Apple го губи уделот на пазарот и зафаќа 16,2 отсто од пазарот, додека Android има 83.

Севкупно, постои намалување на уделот на iOS на сите поголеми европски пазари. Оперативниот систем на Apple котира најниско на пазарот во Бразил, каде Kantar го определува на само 3,8 отсто.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.