x

iOS: Наскоро ќе бидат достапни две Dark Mode верзии за WhatsApp!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 05 Ноември, 2019 од GSM.mk

Без разлика дали користите iOS или Android, Dark темите се главна тема во последните неколку недели. Голем дел од аплиакциите се приклучија на трендот, а сега дел од нив претставуваат и по две вакви верзи..

И Android 10 и iOS 13 веќе имаат софтверски Dark Mode. Зашто? Има неколку причини.

Најпрво, темната тема е одлична за користење на уред при пониска светлина, бидејќи ги заштитува очите на корисникот. Истотака, голема предност е што ја штеди батеријата. При Dark Mode, црната или сива позадина со бел текст не е толку штетна за очите.

Уште во март Android верзијата од WhatsApp доби Dark Mode, но само преку settings. Бидејќи оваа верзија имаше сива позадина, оние кои ја тестираа не успеаа да заштедат на батеријата. Всушност, дел од Android корисниците сеуште треба да ја добијат оваа верзија.

двете различни верзии на WhatsApp при поракиBoth versions of Dark theme being tested for WhatsApp include Dark bubbles - Two variations of Dark theme are reportedly being developed for the iOS version of WhatsApp

Од друга страна, iOS корисниците ќе добијат две различни варијанти на Dark Mode. Изгледа дека кога Apple одлучи да сподели софтверски Dark Mode, WhatsApp реши да оди чекор понапред и да создаде своја Dark Mode верзија. Од овие две верзии, едната ќе има црна позадина, а друга ќе има малку посветла, сива позадина. Првата верзија ќе биде онаа која ќе штеди на батерија.

The two configurations of Dark theme that WhatsApp is reportedly developing for iOS - Two variations of Dark theme are reportedly being developed for the iOS version of WhatsApp

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.