x

iPad Pro (2018): Нов дизајн и нови функции?

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 08 Септември, 2018 од GSM.mk

Веќе подолго време слушаме гласини за новите iPad Pro модели, кои ќе бидат претставени заедно со новите iPhone уреди на 12 септември. Па, што ќе биде ново? Какви промени ќе нудат? Да погледнеме:

Дизајн

Последниот пат кога беа претставени iPad Pro модели, доаѓаа со 10.5 инчен и поголем, 12.9 инчен дисплеј. Од двата, фаворит кај поголем дел од корисниците беше помалиот модел, кој во однос на останатите Apple производи, нуди баланс меѓу компактноста, моќта на хардверот и цената. 


Кај новите iPad Pro модели, екранот ќе биде малку поголем. Имено, наместо 10.5 инчен, помалиот од двата очекувани уреди ќе доаѓа со 11 инчен дипслеј, додека поголемиот ќе го има истиот 12.9 инчен панел. Како и да е, и покрај поголемиот дисплеј, уредот ќе ги задржи истите димензии како неговиот претходник, благодарение на помалите рамки и новиот дизајн. Меѓу другото, очекуваме и Face ID. 

Последно, се зборува дека исто како iPhone 7, новите iPad модели ќе доаѓаат без приклучок за слушалки. Се надеваме дека станува збор за гласини..

Функции

Веќе некое време се прашуваме дали 3D Touch функцијата ќе се појави и кај таблетите на Apple. За жал, не само што одговорот е негативен, туку се зборува дека компанијата планира да ја отстрани функцијата и од идните iPhone уреди. 

Од друга страна, од новите таблети очекуваме поддршка за Apple Pencil пенкалото, како и Smart физичка тастатура. Бидејќи очекуваме Face ID и помали рамки, најверојатно нема да има Touch ID. 

iPad Pro (2018) rumor review: new design and new features?


Спецификации

Се разбира, во внатрешноста очекуваме помоќен и побрз чип од минатогодишниот A11 Bionic, кој најверојатно ќе биде наречен A12X. За RAM меморијата нема никакви детали, но отприлика очекуваме 4GB RAM. Наместо AMOLED, ќе доаѓаат со LCD панел. 

iPad Pro (2018) rumor review: new design and new features?


Цена и достапност

Како што рековме, новите iPad Pro модели ќе бидат претставени заедно со iPhone 2018 уредите, на 12 септември. Во однос на цената, помалиот ќе чини околу 650 долари, а поголемиот околу 800 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.