x

iPad Pro е копија на Surface Pro?

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 21 Јуни, 2017 од GSM.mk

Во последниве недели, беа најавени два висококвалитетни таблети, од двете најголеми компании во светот на технологијата, Apple и Microsoft. Новите уреди се способни да го заменат вашиот лаптоп и се наменети за оние кои се подготвени да фрлаат пари..

Иако уредите се различни, според своите хардверски и софтверски способности, нивните функции и намена се исти. Поради тоа, генералниот менаџер на Surface фамилијата, Ryan Gavin, изјави дека iPad Pro е "чист пример" на уред кој ја следи 2 во 1 категоријата на Microsoft.

Новиот таблет на Apple, навистина изгледа како да е чекор поблиску кон маркетот кон кој цели Microsoft со својата Surface линија. Тешко е да кажеме кој од двата гаџети е подобар во исполнување на своите задачи како лаптоп. Како и да е, iPad моделите на Apple сеуште повеќе се сметаат за таблети отколку компјутери споредени со Surface уредите, кои работат на компјутерски оперативен систем, Windows 10.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.