x

iPad Pro се замрзнува при полнење!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 19 Ноември, 2015 од GSM.mk

Минатата недела, официјално беше лансиран во продажба најголемиот таблет на Apple досега, iPad Pro. Сепак, корисниците веќе започнаа да ги пријавуваат првите проблеми...

Според извршниот директор на компанијата, Tim Cook, новиот iPad Pro би требал да биде уред што ќе ги замени компјутерите (со Windows, но не и iMac). Од другата страна, ко-основачот на Apple, Steve Wozniak, гласно изјави дека не се согласува со ова тврдење.

Без разлика на несогласувањата, едно нешто е јасно - доколку не работи, новиот iPad Pro не може да замени ниеден уред. Корисниците започнаа да се жалат на форумите на Apple, а засега најголемиот проблем е тоа што уредот целосно се закочува и не реагира кога ќе го ставите да се полни. За да продолжите со работа, мора рачно да го ресетирате (hard reset) со држење на Home и Power копчето.

По ресетирањето, батеријата покажува дека е полна 100%, иако ова не е случајот. Корисниците јавуваат дека ова се случува секој пак кога го полните таблетот, што знае да биде навистина фрустрирачки.

Засега нема коментар од Apple за овој проблем.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.