x

iPadOS: Таблетите на Apple добија свој оперативен систем!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 06 Јуни, 2019 од GSM.mk

iPad е еден од најпопуларните таблети на пазарот, па затоа Apple реши дека конечно е време уредот да добие сопствен оперативен систем.

Што е различно?

Имено, iPadOS е речиси идентичен со iOS верзиите кои добро ги знаеме, но сега има повеќе функции, опции специјално компатибилни со големите панели. Да започнеме:

1. Редизајниран Home екран

iPadOS: the iPad is a big boy now, so it gets its own operating system!

Најпрво, оперативниот систем ќе доаѓа со една промена која голем дел од корисниците ја чекаат уште од претставувањето на првиот 12.9 инчен iPad Pro. Овој оперативен систем конечно може да собере повеќе апликации на почетниот екран.

2. Мултитаскинг подобрувања

iPadOS: the iPad is a big boy now, so it gets its own operating system!


Split View и Slide Over беа океј за мултитаскинг, но ништо посебно. Сега, и двете беа подобрени. Најпрво, Slide Over сега ќе работи како мини iPhone дисплеј на горниот дел од главната апликација. Ова значи дека со помош на Slide Over корисниците ќе може да менуваат апликации со само неколку лизгања. Или, доколку ја користите Slide Over апликацијата, со едно лизгање ќе може да отворите Recent Apps мени, кое ќе ви овозможи да отворите друга апликација со Slide Over опцијата.

3. Уредување на текстови

Исто како и со мултитаскингот, уредувањето текстови со iOS беше океј, но со новиот оперативен систем доби значителни подобрувања.

iPadOS: the iPad is a big boy now, so it gets its own operating system!


4. Apple пенкалото е пореспонзивно

iPadOS: the iPad is a big boy now, so it gets its own operating system!


5. Втор екран

iPadOS: the iPad is a big boy now, so it gets its own operating system!

Нова функција на iPadOS и macOS Catalina - ќе може да го користите вашиот таблет како втор екран за Mac лаптопот или компјутерот.

Достапност

Како и сите OS најавувања на Apple, iPadOS ќе пристигне на есен, во исто време со новите iPhone модели.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.