x

iPhone 11 Pro ќе доаѓа во нова верзија слична како Note 10

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Септември, 2019 од GSM.mk

Huawei P30 Pro е достапен во неколку интересни бои, додека Note 10 има уникатна Aura Glow верзија. Сега и Apple ќе се придружи на овие компании со новата серија..

Според фотографиите кои се појавија, iPhone 11 Pro и 11 Pro Max ќе имаат еден модел со боја во повеќе нијанси, слична како Aura Glow варијантата на Note 10. Во моментот не се знае дали оваа верзија ќе има иста цена како останатите и дали ќе има други разлики освен бојата.

Како мало потсетување, iPhone 11 Pro ќе има 5.8 инчен OLED панел, а iPhone 11 Pro Max ќе има 6.5 инчен OLED панел. И кај двата ќе има нов систем камери на задната страна со три сензори од 12 мегапиксели. Во внатрешноста ќе се наоѓа новиот A13 Bionic, како и iOS 13. Истотака, очекуваме 4 или 6GB RAM со поголема батерија.

The iPhone 11 Pro might launch in a Galaxy Note 10-like gradient color


Најверојатно новата iPhone серија ќе биде достапна во шест бои - зелена, сина, црвена, жолта и виолетова, а сега и нова Gradient Glow нијанса.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.