x

iPhone 6s со нова vs стара батерија: Колку е поспор уредот со постара батерија?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 07 Март, 2018 од GSM.mk

Со iOS 10.2.1, Apple додаде функција со која намерно ги успоруваше постарите iPhone модели. Но, бидејќи функцијата беше додадена тајно, голем дел од корисниците беа разочарани од компанијата..

Функцијата беше додадена со цел да го успори вашиот iPhone доколку има постара батерија. Опција со која ќе може да ја исклучите функцијата ќе дојде со iOS 11.3, но дотогаш, YouTube корисникот Bennett Sorbo одлучи да ни покаже колку точно Apple ги успорува постарите смартфони. 


Тестирањата се изврешни врз iPhone 6s, прво со стара (лево), а потоа со нова батерија (десно). Задачите вклучуваат пребарување на интернет, гледање видеа на YouTube, користење на неколку апликации, завршувајќи со GeekBench тест. Како што може да претпоставите, телефонот беше побрз откако доби свежа батерија, завршувајќи ги тестовите за 4:33 минути - 62 секунди побрзо од резултатот со старата батерија (5:35 минути). GeekBench тестирања покажаа разлики и во CPU резултатите:


МоделВремеSingle-Core CPU резултат

Multi-Core CPU резултат

iPhone 6s со стара батерија

5 минути 35 секунди14372485
iPhone 6s со нова батерија4 минути 33 секунди25204412

 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.