x

iPhone 7 е најпродаваниот телефон за првата половина од 2017 година

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Октомври, 2017 од GSM.mk

Според IHS Markit, iPhone 7 е најпродаваниот телефон на глобално ниво, за првата половина од 2017 година..

Телефонот е достапен во Ледиком по НАМАЛЕНА цена од 34,390 денари!

На трето место се најде Samsung Galaxy Grand Prime Plus, уред со 5 инчен дисплеј и резолуција од 540 x 960 пиксели. iPhone 6s се најде на четвртото место, а на петто се најде Galaxy S8. Неговиот поголем брат, Samsung Galaxy S8+ се најде веднаш после него, на шестата позиција.

Иако iPhone 7 и iPhone 7 Plus се најдоа на врвот на листата, бројот на продадени единици е сепак помал од оној на iPhone 6s и iPhone 6s Plus, за истиот период од нивното претставување. Додека iPhone 6, iPhone 6s и iPhone 7 беа најпопуларните телефони за првиот период од 2015, 2016 и 2017 година, уделот на пазарот за секој од нив се намалил од 10 на 7, па на 5% оваа година

Како што рековме, Galaxy S8+ се најде на шестата позиција. Неговиот претходник, Galaxy S7 edge, беше на четвртото место за првата половина од 2016 година. IHS смета дека тоа е поради задоцнетото претставување на уредите. Galaxy S8 и Galaxy S8+ беа претставени во април, еден месец подоцна од вообичаено. 

На првите десет места од листата се најдоа 5 Samsung уреди, 4 Apple уреди и еден Oppo уред. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.