x

iPhone 7 Red: Изненадувачки возбудлива и пријатна боја!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 08 Септември, 2017 од GSM.mk

Кога повеќето компании ќе претстават уред во нова боја, тоа не се големи новости. Но, Apple не е како повеќето компании..

iPhone 7 Red и неговата "Plus" варијанта може да ги најдете во Ledikom.mk по цена од 44290 ден и 50390 ден. 

Отсекогаш постоеле неколку бои во кои Apple ги претставувал своите уреди. Уште од кога беше претставен iPhone 4 во бела боја, компанијата ги додаде златната, бакарната и црната варијанта. 

Пред некое време, Apple за прв пат претстави iPhone во светло црвена боја. Задниот дел од телефон е во црвена боја, а логото е од челик. Кај досегашните iPhone модели логото секогаш било иста боја со уредот, но овој пат, отстапува.

 Предната страна е бела, а Home копчето има сребрен отсјај. Иако предниот дел од голем број уреди, како што се златната, сребрената и бакарната верзија на iPhone моделтие доаѓаат во бела боја, дел од фановите сметаат дека црниот финиш кај црвениот iPhone би изгледал поубаво. Што мислите вие?


Инаку, останатите спецификации се исти како кај оригиналниот iPhone 7. Со купување на iPhone 7 Red моделот го поддржувате глобалниот фонд кој придонесува кон HIV/AIDS програмите. Досега, Apple има донирано 130 милиони долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.