x

iPhone 8: Револуционерен дизајн и цена од 1000 долари!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Мај, 2017 од GSM.mk

Секојдневно се појавуваат информации за изгледот и спецификациите на долгоочекуваниот iPhone 8. Еве ги најновите вести:

Цената на новиот телефон ќе започнува од 1000 долари, што значи дека дефинитвно ќе биде најскапиот iPhone досега. Истотака, познат е под имињата iPhone 7S, iPhone X, iPhone Edition и, едноставно, “iPhone.”

Ќе нуди 5.8 инчен OLED дисплеј и нова 3D технологија. Според предвидувањата, телефонот со 128GB ќе чини 1000 долари, а онаа со 256GB, 1100 долари. Уредот ќе има речиси невидливи рамки, стаклен дизајн и вертикален дуален систем камери.

Аналитичарите сметаат дека неговата продажба ќе ги надмине очекувањата.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.