x

iPhone 8 со 512GB меморија ќе чини 1200 долари!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 05 Септември, 2017 од GSM.mk

Нов ден, нови предвидувања за iPhone 8. Овој пат, станува збор за неговите цени...

Според Benjamin Geskin, iPhone 8 со 64GB меморија ќе чини 999 долари. Но, доколку ви е потребно повеќе меморија, верзијата со 256GB ќе чини 1099 долари, а онаа со 512GB ќе биде 1199 долари. 

Веќе знаевме дека новиот iPhone модел ќе биде поскап од новите верзии на iPhone 7 уредите, бидејќи самото производството за смартфонот е 50% поскапо. Само еден флексибилен OLED панел за iPhone 8 од Samsung чини околу 70 долари, за разлика од панелите за сегашниот iPhone 7 кои се околу 40 долари. Очигледно, ова е цената која треба да ја платите ако сакате да бидете дел од трендот на флексибилни уреди со тенки рамки. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.