x

iPhone SE 2 доаѓа на 10 мај!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Април, 2018 од GSM.mk

Откако се појавија дел од спецификациите на следбеникот на iPhone SE, сега се зборува дека Apple планира да го најави уредот следниот месец..

Оригиналниот iPhone SE беше претставен во 2016 година. Сега, речиси 2 години подоцна, Apple го припрема неговиот следбеник кој го очекуваме наскоро, дури можеби и следниот месец. За разлика од претходните гласини, iPhone SE сепак нема да доаѓа со истиот дизајн како оној на iPhone X. Наместо тоа, iPhone SE 2 ќе продолжи да користи TouchID, што значи дека најверојатно повторно станува збор за 4 инчен дисплеј.

Од новитети, очекуваме уредот да вклучува безжично полнење, две СИМ-картички и малку понов, A10 Fusion процесор. 

Доколку сепак не биде претставен на 10 мај, компанијата можеби ќе чека до WWDC настанот за да го најави уредот, кој започнува на 4 јуни. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.