x

iPhone X е најскапиот, но и најлесно кршливиот iPhone некогаш произведен

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 09 Ноември, 2017 од GSM.mk

Цената од 999 долари на новиот iPhone X по сѐ изгледа не ви гарантира дека телефонот ќе остане здрав ако го испуштите од раце, откако серијата тестови за издржливост докажа дека ова е најкршливиот телефон на Apple некогаш произведен.

И покрај тврдењата на Apple дека iPhone X го има „најиздржливото стакло за смартфон“, сепак тестовите потврдија дека X е најскапиот, но и најкршливиот од сите модели на iPhone.

SquareTrade направија серија тестови за издржливост на новиот iPhone X, во кои го пуштаа телефонот да падне од висина од 180 центиметри и за да ја споредат штетата од падот.


Поради скапата технологија која се наоѓа во iPhone X, тие го прогласија овој смартфон за „најскапиот, најкршливиот и најтежок за поправка од сите iPhone-и некогаш произведени“.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.