x

iPhone XR има најиздржлива батерија од сите iPhone модели!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Ноември, 2018 од GSM.mk

Покрај 6.1 инчен дисплеј, со резолуција од 828 x 1792 пиксели, т.н "Liquid Retina." и "буџетската цена", уште една причина поради која корисниците го сметаат за најдобриот од трите нови iPhone модели е издржливоста на батеријата на iPhone XR..

Официјално според Apple, уредот треба да издржи до 16 часа гледање видеа и 15 часа сурфање на интернетот. Покрај тоа, компанијата е толку горда со тоа што го има постигнато со батеријата на iPhone XR, што тврди дека доаѓа со "поиздржлива батерија од iPhone 8 Plus за 1.5 час". 

iPhone XR showcases best battery life of all iPhones, our testing confirms

Голем дел од рецензиите кои се појавија ги потврдија овие изјави на Apple, тврдејќи дека iPhone XR издржува повеќе од 11 часа без полнење. Еве како изгледа батеријата на iPhone XR во споредба со другите iPhone модели, какои и спрема Galaxy S9 и LG V40 Thinq:

Издржливост на батеријата

*повеќе е подобро

Apple iPhone XR - 11h 1 min (Одлично)

Apple iPhone 8 Plus - 10h 35 min (Одлично)

Apple iPhone XS Max - 9h 34 min (Одлично)

Apple iPhone XS - 8h 37 min (Одлично)

Samsung Galaxy S9 - 7h 23 min (Добро)

LG V40 ThinQ - 6h 21 min (Просечно)

Време потребно за полнење

*помалку е подобро

Apple iPhone XR - 192 min

Apple iPhone 8 Plus - 178 min

Apple iPhone XS Max - 209 min

Apple iPhone XS - 185 min

Samsung Galaxy S9 - 107 min

LG V40 ThinQ - 109 min

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.