x

iPhone XR, iPhone XS и XS Max: Колку се издржливи батериите?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Септември, 2018 од GSM.mk

Новите iPhone модели конечно пристигнаа и нудат нов процесор, Face ID, подобрени камери и edge-to-edge дизајн. Но, еден друг аспект, значаен за голем дел од корисниците се батериите. Да погледнеме колку се издржливи батериите на Xs, Xs Max и Xr:

Вообичаено, Apple не споделува информации за капацитетот на батериите веднаш по претставувањето, така што нив ќе мора да ги почекаме. Но, од друга страна, запознаени сме со дел од статистичките податоци, како и нивната издржливост во однос на дел од секојдневните активности. 

Добрите вести се што iPhone XR има една од најиздржливите батерии кои сме ги виделе досега. Разликата не е голема, но трае малку подолго од iPhone XS Max и двата телефона имаат час ипол поиздржлива батерија од iPhone 8 Plus, претходниот најиздржлив телефон на Apple. Иако не сме ни блиску до iPhone уред кој ќе издржи два дена без полнење, дефинитивно се забележуваат подобрувања. Еве како изгледаат батериите на последните iPhone модели: 


УредПри зборување  Користење интернет   Видеа    Аудио 
iPhone XS Max

   25131565
iPhone XS

   20121460
iPhone XR

   25151665
iPhone X

   21121360
iPhone 8 Plus

   21131460
iPhone 8

   14121340
iPhone 7 Plus

   21131460
iPhone 7

   14121340
Сите iPhone модели на горната листа, со исклучок на серијата 7, поддржуваат брзо полнење, со полнење на 50% за 30 минути, но полначот мора да го купите посебно, бидејќи не доаѓа во кутијата со уредот. Истотака, повторно сите со исклучок на iPhone 7 и 7 Plus, поддржуваат безжично полнење. 

Интересно е што иако iPhone Xr е најевтиниот од новите модели, нуди најдобра батерија. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.